Сноуден: Западните држави тајно помагаат во шпионажата

Од:

Американскиот известувач, Едвард Сноуден изјави дека НСА во тајност соработува со други западни влади, во шпионирањето, кои сега се жалат на нејзините програми.

Сноуден денес во објавено интервју на германски јазик рече дека агентите на НСА соработуваат со Германците како и со многу други западни држави.

Тој додаде дека одделението на НСА, односно Директоратот за надворешни работи, работи со многу странски тајни служби.

Парнерството според него е организирано на начин што другите држави може да ги навредуваат нивните политички лидери, доколку јавноста дознае дека ја кршат приватноста ширум светот.

На Сноуден САД му ја зеде патната исправа, па тој веќе две недели се наоѓа на московскиот аеродром. До сега три држави му понудија азил, Венецуела, Никарагва и Боливија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска