Сноуден за апсењето на Асанж: Ова е мрачен момент

Од:

Поранешниот американски разузнувач и „свиркач“ Едвард Сноуден оцени дека апсењето на основачот на Викиликс Џулијан Асанж претставува „мрачен момент за слободата на печатот“ .

„Фотографиите од еквадорскиот амбасадор кој ја повика британската тајна полиција во Амбасадата за да го извлече од зградата издавачот, дали тоа ви се допаѓало или не, наградуван за новинарство – ќе заврши во учебниците по историја.Критичарите на Асанж може да се радуваат, но ова е мрачен момент за слободата на печатот“, напиша Сноуден на Твитер, кој е во азил во Русија од 2017 година.

Тој потсети дека Обединетите нации соопштиле дека неговото апсење би претставувало кршење на човековите права и побараа да му се овозможи да се брани од слобода.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна

А1он

Уште едно лице е уапсено поради трагедијата во Нови Сад

Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник

Предраг Петровиќ

Тошковски за вчерашната акција: Епски криминал со милионски суми, приведени се четири лица

Во Будва се уапсени членови на мафијашки клан

Уапсен бегалец од „Идризово“, имал големо криминално минато