Сноуден убеден дека направил добро

Од:

Поранешниот соработник на американската известувачка служба, Едвард Сноуден верува дека направил добро за човечкиот род, поради што очекува Русија да продолжи со хуманата мисија и да му даде поддршка, изјави денес адвокатот на Сноуден, Анатолиј Кучерена.

Сноуден, кого САД го бара поради обелоденување доверливи податоци на американските тајни служби, повеќе од еден месец се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево и во меѓувреме побара привремен политички азил во Русија.

-Што се однесува за неговото мислење, тој е уверен дека направил добро за американскиот народ и целиот свет. Тоа е неговата морална порака-истакна Кучерена.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска