Сноуден се уште не побарал азил од Русија

Од:

Поранешниот службеник на НСА, Едвард Сноуден, кој веќе три недели се наоѓа на московскиот аеродром „Шеремтјево“ се уште не поднел барање за азил до Руската Федерална миграциска служба.

Како што изјави Залина Корнилова од службата, до нив се уште не пристигнало такво барање, до доколку биде поднесено, тогаш официјално ќе се разгледа.

Боливискиот претседател Ева Моралес вчера повторно изрази подготвеност на Сноуден да му даде азил, следејќи ги сите дипломатски правила и меѓународни договори.

Сноуден во петок се сретна со руски активисти за човекови права и тогаш најави дека ќе бара азил од Русија, дури и како привремено решение, пред да замине во Венецуела, Боливија или Никарагва.

Според неговите зборови, одлуката да ги обелодени податоците за масовното шпиунирање била правилна, но секако дека е на негова штета.

-Подготвеноста на моќните држави да играат над законот претставува закана за сите нас и не смееме да дозволиме во тоа да успеат-изјави тој.

Сноуден се обидува да ги избегне обвиненијата на САД за шпиунирањето.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска