Сноуден побара азил од Еквадор

Од:

Поранешниот соработник на американска ЦИА, Едвард Сноуден во наредните неколку часа ќе одлета од Москва и ќе побара азил од властите на Еквадор, додека САД очекуваат Русија да им го испорача.

Како што пишува „Би би си“, Сноуден најпрвин ќе оди на Куба, па во Венецуела, а дури потоа на Еквадор во обид да избегне да биде приведен и предаден на властите на САД.

Во текот на ноќта намаше информации за тоа каде тој точно се наоѓа и дали се уште е во транзитната зона на аеродромот „Шереметијаво“, а се шпекулираше дека имал состанок со амбасадорот на Еквадор.

-Можноста за давање азил на Сноуден се анализира – изјави Рикардно Патино, шефот на дипломатијата на Еквадор, државата која што му одобри азил на Џулијан Асанж.

САД побараа од државите во западната хемисфера да не го примаат Сноуден на своја територија,а неговиот пасош го прогласија за неважечки.

Во текот на утрото пристигна информацијата дека Вашингтон соопштил дека очекува Русија да ги разгледа сите опции како би го испорачала Сноуден.

-Им порачуваме на сите држави дека Сноуден е баран поради кривични дела и поради тоа не би требало да му се дозволи меѓународно патување, освен негово враќање во САД, соопшти Стејт департментот.

Американските власти воедно соопштија дека се разочарани поради тоа што Сноуден не беше уапсен во Хонг Конг каде што претстојуваше од моментот кога откри голем број тајни за САД.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска