Едвард Сноуден останува во транзитната зона на московскиот аеродром „Шереметјево“, потврди руски дипломатски извор.
Властите на САД кои трагаат по 30-годишниот Американец за издавање на разузнавачки информации, муго одзедоа пасошот.
Ниту една земја досега не даде позитивен одговор на барањето на поранешниот консултант на Агенцијата за национална безбедност (НСА) на САД за политички азил.
Сноуден останува во транзитната зона на аеродромот „Шереметјево“ веќе 12-ти ден по ред.