Сноуден одби да се сретне во Москва со германска комисија

Од:

Поранешниот соработник на американската НСА, Едвард Сноуден ги одби повиците за средба во Москва со претставници на германска парламентарна комисија поради истрага за прислушувањето од страна на САД и нивните сојузници.

Пратеници од германската комисија се надеваа на неформална средба со Сноуден во Москва. Планот се појави откако опозициски партии побараа Германија да му дозволи на Сноуден да дојде во Берлин, со цел да сведочи, но Владата оцени дека доколку се слуќи тоа ќе бидат нарушени односите со САД.

Германскиот адвокат на Сноуден, Волфганг Калек вчера и одговори на комисијата дека со својот клиент ги разгледал предлогот и „нема ниту место, ниту потреба за неформална средба во Москва“, каде Американецот има добиено привремен азил.

Според Калек, давањето вистинити искази е можно само во Германија.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска