Сноуден објави фотографија од својот син

Од:

Американскиот свиркач Едвард Сноуден и неговата сопруга добија син, а со фотографиите објавени денеска на социјалните мрежи, тие ја споделија оваа информација со јавноста.

– Среќни празници од нашето ново проширено семејство – напиша Линдзи Милс, сопругата на Сноуден, споделувајќи фотографии на Инстаграм од парот кој го држи новороденчето.

– Како што очекувавме, има принова во неговото семејство. Едвард и Линдзи добија син. Мајката и бебето се во одлична здравствена состојба, објави денеска руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на адвокатот на Сноуден, Анатолиј Кучерен, пренесува Ројтерс.

Минатиот месец Едвард Сноуден кажа дека ќе поднесе барање за руско државјанство заедно со неговата сопруга поради нивното идно семејство.

37-годишниот Сноуден побегна од САД бидејќи како вработен во американската Национална безбедносна агенција (НСА) во 2013 година објави строго доверливи податоци за методите што ги применува американката разузнавачка служба, вклучително и незаконско прислушување на странски лидери.

Тој во 2013 година беше обвинет за шпионажа.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска

Сноуден побара руско државјанство

Ана Ололовска