Поранешениот аналитичар во американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден вели дека со задоволство би се вратил во САД и би излегол пред суд, доколку би можело да му се гарантира праведно судење, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
– Доколку доброволно би дозволил да бидам осуден на казна доживотен затвор, тогаш би ги исплашил другите да го направат тоа што сите во земјата го сметаат дека беше еденствениот правилен чекор, вели Едвард Сноуден во ексклузивно интервју за Шведската телевизија СВТ.
Триесет и едногодишниот Американец моментно има азил во Русија, а се наоѓа во бегство откако на медиумите им достави податоци за програмата за надзор и интернет шпионирањето кое го спроведува НСА.
Кога Сноуден пред извесно време беше интервјуиран од страна американската Ен-Би-Си, државниот секретар Џон Кери беше дециден во изјавата дека тој „направил предавство кон својата земја“ и дека би требало да се вразуми и да се соочи со американското правосудство.
– Би било фантастично доколку судењето би било праведно. Во САД имаме неколку закони кои озвоможуваат прашањето да биде разгледано на суд, но точките во обвинението не оневозможуваат да се бранам со аргументи околу ползата за општетството, вели Сноуден за СВТ.
Тој смета дека пред поротата не би можел да рече оти неговите постапки можеби биле во спротивност со законот, но дека ги оправдуваат кривичните дела што ги прави државата, така што целото судење би се одвивало околу тоа што тој го направил, а не зошто.