Сноуден: Лично се занимавав со Германија, имам нови информации

Од:

Поранешниот службеник на американската Национална безбедносна агенција НСА, Едвард Сноуден во интервју за германското списание „Штерн“ најави нови шпионски откритија за Германците и рече дека тој лично се занимавал со комуникации со Германија.

-Јасно речено, уставното право на секој граѓанин на Германија е повредено- вели тој во интервјуто кое е објавено и нагласува дека тој лично работел на системите за надгледување.

Тој додава дека знае како тие системи технички функционираат и дека ги познава линиите и дека ќе биде изненаден, доколку пратениците во германскиот Бундестаг веруваат дека нема ништо ново да дознаат, доколку тој ги обелодени своите сознанија.

-Германските разузнавачки служби работат рака под рака со Американците, веројатно сакаат да ги прикријат фактите кои би предизвикале вознемиреност кај јавноста, вели Сноуден и од германските политичари бара појасно да се изразуваат за темите поврзани со шпионирање и да се ангажираат за заштита на приватната сфера.

Претседателот на комисијата на Бундестагот за истражување на американската шпионажа во Германија, Клеменс Бинингер само неколку дена по конституирање на тоа парламентарно тело, во април поднесе неотповиклива оставка на функцијата, со образложение дека не се согласува со членовите на Комисијата по повод можното испрашување на Сноуден.

Тој наведе дека уште на конститутивната седница се покажало дека политичките партии во Бундестагот, нема да имаат професионална соработка и дека посветувањето внимание на Сноуден би можело да ја одвлече Комисијата на некоја друга страна.

Меѓутоа опозициските партии бараат сослушувањето на Сноуден да биде ставено во прв план од работата на Комисијата, додека Бинингер изрази мислење дека Сноуден повеќе не би можел да придонесе во разјаснување на ситуацијата, бидејќи тој информациите ги поделил ширум светот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он