Сноуден кандидиран за наградата Сахаров за „слобода на мислата“ на ЕУ

Од:

Поранешниот американски соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, денеска е кандидран за наградата Сахаров за „слобода на мислата“ што ја доделува Европската унија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Сноуден, поради кого САД и Русија ги заладија односите откако Русите му дадоа азил заради неговото пребегнување од американската територија и издавање на голем број на тајни на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), сега е можно дури и да биде награден од Унијата.

На предлог на пратеничките групи на „Зелените“ и на европските „левичари“ (ГУЕ/НГЛ) во Европскиот парламент, Сноуден се најде на листата можни добитници на Сахаров-наградата, заедно со Малала Јусафжаи од Пакистан, Рејот Алему и Ескиндер Нега (Етиопија), Алес Бјалацки, Едвард Лобау и Микола Статкевич (Белорусија), Михаел Ходорковски (Русија), „човекот што стои“ од протестите на плоштадот Таксим во Истанбул (Турција) и проектот на американската Тв “Си-Ен-Ен” во врска со модерното ропство.

Откако овие кандидатури беа искристализирани на Комитетите за надворешни работи, за земји во развој и на Подкомитетот за човекови права при Европарламентот, на 30-ти овој месец ќе се одржи уште еден состанок по кој ќе се издвојат тројцата финалисти.

Лауреатот за оваа награда ќе биде избран на конференцијата на претседатели при ЕП, што на 10-ти октомври ќе се одржи во Стразбур, а лично ќе биде доделена наградата на 20 ноември, исто така во Стразбур.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска