Поранешниот работник на американската НСА, Едвард Сноуден против кого обвинителството на САД покрена обвинение за шпиунажа, го напушти Хонг Конг, потврдија власите од тој град.
Според кинеските медиуми Сноуден заминал со авион на компанијата „Aeroflot“ во Москва.
Авионот би требало да слета на московскиот аеродром „Шереметјево“, но се верува дека главниот град на Русија не е неговата конечна дестинација.
Некогашниот соработник на ЦИА нема поднесено никакво барање за политички азил во Русија, изјави дипломатски извор во Москва.
-Минатата недела, од Сноуден не пристигна никаква молба, рече соговорник на руската државна агенција.
Според агенциите постои можност Сноуден од Москва да се упати кон Исланд или Еквадор. „Ројтерс“ пренесе дека во Кремељ не знаат каде се наоѓа Сноуден.