Сноуден демантира дека им предал доверливи информации на Кина и Русија

Од:

Поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден денеска демантираше дека им оддал тајни на кинеските и руските разузнавачки служби, јави ДПА.

Бразилскиот блогер и колумнист Глен Гринвалд, кој на 6 јуни прв ги обелодени обвинувањата на Сноуден за американските тајни програми за следење на комуникациите, за британски „Гардијан“ изјави дека поранешниот соработник на НСА во своите две последни интервјуа жестоко демантирал дека на Кина и Русија им оддал доверливи информации, како и дека ниту една земја нема да ја добие соддржината од неговиот лаптоп.

– Никогаш не сум дал информација на ниту една влада и тие никогаш нема да земат нешто од мојот лаптоп, изјавил поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност во двете последни интервјуа од саботата и вторникот.

Сноуден се нема појавено во јавноста уште од неговиот лет од Хонг Конг за Москва на 23 јуни.

Фактот дека тој побегна во кинескиот град и покрај неговиот американски пасош, ги поттикна медиумските шпекулации дека можеби споделил информации со кинексите разузнавачки служби во текот на неговиот едномесечен престој во Хонг Конг.

Сноуден меѓутоа тврди дека ги има заштитено доверливите американски информации на неговите четири лаптопи.

Сноуден, кого Вашингтон го обвини за шпионажа и побара негова екстрадиција, се уште се наоѓа на московскиот аеродром „Шереметјево“, бидејќи нема валидни документи за патување и официјално ниту една земја му нема дадено азил.

Руски официјални претставници денеска изјавија дека ситуацијата со Сноуден е во ќорсокак, но дека е можно да биде надмината од некоја странска држава.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска