Снимка од сириски платеник кој се моли на Бог за време на борбата во Нагoрно-Карабах: Не измасакрираа

Од:

На социјалните мрежи кружи видео од наводен сириски платеник во Азербејџан, како зборува за гранатирањето на Ерменците.

На снимката се гледа човек во маскирна униформа на азербејџанската армија како се моли на Бога на арапски за да му помогне. Тој во видеото вели дека се измасакрирани со тешка артилерија.

Сè уште не е потврдено дека човекот навистина е сириски платеник.

Елизабет Чурков, студентка од Принстон и активист за човекови права која го истражува Блискиот исток, особено Сирија, покрај видеото кое го објави на Твитер, пишува дека успеала да контактира со роднина на „сирискиот платеник“, за кој вели дека е 23-годишниот Мустафа Канти од град во западниот дел на провинцијата Алепо, кој беше окупиран од сирискиот режим за време на последната офанзива на Идлиб оваа година.

„Тој беше регрутиран од Дивизијата Хамза, фракција поддржана од Турција, да оди во Либија“, рече Чурков на Твитер.

Таа тврди дека Мустафа е поранешен бунтовник од редовите на бригадата „Лива ал-Таухид“, коj се бори против режимот од својата 14-та година и дека подоцна се приклучил на „Фронтот Левант“.

„Тие не испраќаат борци во Азербејџан и тој беше регрутиран од медијатор од дивизијата Хамза. Овие луѓе земаат дел од платите на борците“, рече Чурков, додавајќи дека семејството на Мустафа е раселено и сега живее во „Атариб“ во „екстремна сиромаштија“.


Таа на својот Твитер објави и снимка од „сириски платеници кои ги охрабруваат другите Сиријци да дојдат и да се борат во Азербејџан. Тие во видеото велат: „Ќе отвориме премин кон Ерменија и кон Либија“.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“