Снежна бура во Шведска: Десетици илјади домаќинства се без електрична енергија

Од:

Снежната бура Јоханес денес ја погоди половина од Шведска, што резултираше 40.000 домаќинства да останат без електрична енергија. Многу патишта се непроодни бидејќи дрвја паднале врз нив. Има и жртви.

Властите апелираа до населението на градовите на северот од земјата Даларна, Гавлеборг и Вастернорланд и градот на југот од земјата Јамтланд да не ги напуштаат своите домови.

Педесетгодишен маж почина во Сандвикен, како резултат на повредите здобиени откако врз него паднало дрво.

Повредени се неколку лица. Штетите се санираат со цел да се прераспредели електричната енергија.

Предупредување за силен ветер е сè уште на сила во некои делови од Шведска. Некои железнички линии не се во функција.

Би можело да ве интересира

Шведска ѝ додели 48 милиони евра на Украина за справување со зимата

Минусни температури утре и задутре, за викендот снег

Руски хеликоптер навлегол во финскиот воздушен простор по инцидент со руски брод во Балтичкото Море

ВИДЕО: Американците објавија нови снимки од НЛО, забележани над Блискиот Исток

Зеленски му се закани на Путин: Кримскиот мост нема да опстане

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ