Снегот во Велика Британија предизвика проблеми во сообраќајот

Од:

Снегот што во висина од 30 сантиметри падна во поголемиот дел од Велика Британија, предизвика големи пореметувања во сообраќајот.

Најтешко е погоден авионскиот сообраќај, па снегот предизвика најголемиот британски аеродром, лондонскиот „Хитроу“ претпладнево да откаже 70 летови, а аеродоромите во Бристол, во Кардиф и во Саутхемптон, на југот од земјата, да бидат затворени. Британската авионска компанија „Бритиш Ервејз“ денеска мораше да откаже 60 летови на внатрешните и надворешните линии, предизвикувајќи пореметување во редот на летањето и проблеми за голем број патници.

Претставник на брзите возови „Евростар“, што сообраќаат низ тунелот под водите на каналот Ламанш кон Париз и Брисел, соопшти дека поради снегот и лошото време морало да бидат откажани два воза.

Сообраќајната полиција и службите за помош на патиштата предупредуваат возачите да не тргнуваат на пат со своите возила, објаснувајќи дека возењето по британските патишта претставува „тежок хазарад“.

Железничкиот сообраќај не е така погоден како воздушниот и патничкиот, но и тој се одвива со тешкотии и задоцнето пристигнување на возовите. Посебно е тешко за возовите што сообраќаат на лините во источните делови на Англија.

Снегот во зима не е ретка појава на британските острови, но 30 сантиметри е височина која Британците ретко ја среќаваат. На снегот му се радуваат единствено децата, кои денеска во голем број останаа дома. Неколку илјади училишта во сите делови од Велика Британија денеска се затворени. Најголемиот дел од нив во Велс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски