Снајперист уби полицаец во Ереван

Од:

Снајперист од групата вооружени мажи, кои ја окупираа полициската зграда во Ереван, денеска уби полицаец, изјави портпаролот на ерменската полиција Ашот Ахароњан.

Безбедносните сили им дадоа ултиматум на напаѓачите денеска до 15 часот да се предадат, во спротивно се заканија дека ќе отворат оган врз нив. Откако истече ултиматумот одекнаа истрели, при што беше убиен полицаецот, кој се наоѓал во автомобил, паркиран на околу 400 метри од станицата

Ахароњан потврди дека 30-годишниот полицаец и татко на три деца бил застрелан во глава.

Тоа е втор убиен полицаец откако на 17 јули беше заземена полициската зграда од вооружена проопозициска група, со барање за ослободување на истакнат локален опозиционер и оставка на претседателот и Владата. Групата, која брои 29 лица, држи медицински персонал како заложници.

Би можело да ве интересира

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Повреден полицаец со пиритехничко средство по ракометен натпревар во Кавадарци

Кривична за полицаец од Скопје, вршел психичко насилство врз неговите малолетни деца

МВР: Полицаец од Битола ја истепал невенчана сопруга и ја повредил

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница