Повреден полицаец со пиритехничко средство по ракометен натпревар во Кавадарци

Од:

Полицаец бил повреден со пиритехнчко средство синоќа по ракометен натпревар во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.

– Вчера во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, за време на одигрување и по завршување на првенствен ракометен натпревар помеѓу екипите на ГРК „Тиквеш 2014“ од Кавадарци и ГРК „Охрид“ од Охрид, повеќе лица од навивачките групи на двете екипи запалиле пиротехнички средства и ги фрлале на трибините кон останатата публика и кон полициските службеници, кои извршувале службени дејствија, појаснија од Секторот за внатрешни работи Велес.

Притоа, по завршување на натпреварот, едно лице од навивачката група од Охрид фрлило пиротехничко средство кон полициски службеник и му нанело повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Од СВР Велес соопштија и дека вчера во 16 часот, во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од улиците „Маршал Тито“ и „11 Октомври“ во Демир Капија, 54-годишната Е.З. од Демир Капија, управувајќи електричен тротинет изгубила контрола и паднала на коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.З., констатирани во болницата во Неготино. Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино, информираа од полицијата.

Би можело да ве интересира

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Кривична за полицаец од Скопје, вршел психичко насилство врз неговите малолетни деца

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Полицаец од Битола ја истепал невенчана сопруга и ја повредил

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница