Кривична за полицаец од Скопје, вршел психичко насилство врз неговите малолетни деца

Од:

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство поднесе кривична пријава против З.Ц. од Скопје, овластено службено лице во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 и „неизвршување судска одлука“ по член 377 од Кривичниот законик, извести МВР.

„Додека, од Основниот граѓански суд со решение на З.Ц. му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство на неговите малолетни деца во траење од 12 и три месеци со забрана да врши психичко насилство врз неговите малолетни деца и да ги инволвира во постапките кои родителите ги водат пред надлежните институции. Но, и покрај мерките, З.Ц. преку телефон и на социјална мрежа остварил контакт со едното малолетно дете и влијаел на градење на негативен став за мајката со цел да се обиде да ѝ го одземе старателството и воедно го инволвирал во постапка пред надлежна институција. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, заради постапување спротивно на член 26 став 1 и 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР“, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он