Тајландските власти денеска побараа хотелиерите и туристичките агенции во хотелските комплекси на островот Ко Панган на видни места да истакнат дека во морето се појавиле опасни медузи чиј отров ги усмртува тие што ги допираат.
Алармот е издаден по смртта на петгодишно дете од Франција, кое почина во саботата поради труењето од отровот на таканаречените „медузи-кутии’’.
Појавата на отровните медузи во Тајландскиот залив не е реткост, а локалните рибари ги препознаваат лигавите отровници и тој ден избегнуваат да ловат риби.