Смртниот биланс од земјотрес во Непал се искачи над 7.000 лица

Од:

Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој на 25 април го погоди Непал, достигна 7040 лица, а 14.398 се повредени, соопшти Националниот центар за вонредни ситуации, јави Си-Ен-Ен.

Според податоците на Обединетите нации од разорниот земјотрес засегнати се директно осум милиони лица, меѓу 28-милионското население на Непал.
Претходно денеска Владата на Непал соопшти дека повеќе нема шанси да бидат пронајдени нови преживеани од разорниот земјотрес.

– Мина една недела од катастрофата. Се обидуваме најмногу што можеме да им помогнеме на луѓето, но сега веќе мислам дека нема никакви шанси некој жив да биде пронајден под урнатините, изјави портпаролот на непалското Министерство за внатрешни работи Лакшми Прасад Дакал.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтеровата скала го погоди Непал на 25 април, што е најсмртоносниот потрес во оваа земја во последните 80 години.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on