Смртниот биланс од загинатите во сударот на два автобуса и цистерна во Авганистан се искачи на 73

Од:

Бројот на загинатите во сударот на два автобуса и една цистерна со гориво, што денеска се случи на фрекфентен автопат во Авганистан се искачи на 73 лица, соопшти денеска авганистанското Министерство за здравство.

– Повеќето загинати се изгорени и целосно непрепознатливи, изјави портпаролот на Министертсвото Исмаил Кавоси, пренесува МИА.

Локалните власти соопштија дека меѓу загинатите има жени и деца.

– Во несреќата, исто така, се повредени повеќе десетици лица, а се очекува бројот на жртвите да се зголеми, изјави портпаролот на гувернерот на источната авганистанска провинција Газни, Џавед Саланги,.

Тој утрово наведе дека 73 патници од автобусот се повредени и префрлени во болница и додаде дека документите покажуваат дека во двата автобуса во моментот на несреќата се наоѓале вкупно 125 патници.

До сударот дошло на главниот автопат што ги поврзува престолнината Кабул и Кандахар, на југот од Авганистан, а возилата потоа се запалиле.

– Несреќата била предизвикана од невнимателно возење, рече директорот на локалната управа за сообраќај Мохамадула Ахмади.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан