Сметководител обвинува дека партијата на Саркози барала да прави лажни фактури

Од:

Истиот ден кога Никола Саркози здивна со суспендирањето на судската постапка во која е обвинет за „корупција“, над него се надвиснува ново обвинение, откако сметководителот на претпријатието „Бигмалион“ задолжено за организирање на неговите предизборни митинзи во 2012 година објави дека од него било побарано да издава лажни фактури, јави дописникот на МИА од Париз.

Во сослушувањето од страна на истражните органи, сметководителот на „Бигмалион“ изјавил, дека раководителите на партијата УМП, која ја подржуваше втората кандидатура на Никола Саркози во 2012 година, побарале од него да прави „лажни фактури“ за да се прикријат финансиските трошоци од предизборната кампања со кои бил надминат легалниот праг.

Оваа изјава на сметковидтелот е потврдена и од раководителите на „Бигмалион“.

Имено трошоците направени за предизборните митинзи на Саркози биле надминати и за да се покријат истите се правеле фактури за лажни партиски конвенции на УМП, кои всушност не постоеле. Така биле фактурирани 35 конвенции на УМП, чии дати и места на одржување бидел дадени од УМП, ова со целд а се постигне цената која се совпаѓа со реланите трошоци на кампањата на Никола Саркози, но кои всушност не биле пресметани во неа.

Според сметковидтелот, вкупниот износ на трошоците за митинзите бил 18.861.620,28 евра, но немале право да надминат во факутурите 3.346.423 евра. Така тој фактурирал фиктивни конвенции по цена од по околу 300.000 евра.

Финасиските трошоци на Никола Саркози за предизборната кампања во 2012 беа отфрлени од Уставниот совет на Франција, и УМП не доби ниту евро од државата. Трошоците беа покриени со донации од членовите и симпатизерите на УМП.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано