Сменет шефот на германската разузнавачка организација

Од:

Шефот на германската надворешна разузнавачка служба БНД Герхард Шиндлер ќе биде сменет од функцијата, јави „Зидојче цајтунг“, повикувајќи се на извор во германската Влада.

Засега не е познато зошто Шиндлер, кој е на чело оваа организација од 2012 година е сменет на две години пред да замине во пензија, и тоа во услови кога Германија се соочува со се поголеми закани од исламистите, пренесува Танјуг.

Дневниот весник „Зидојче цајтунг“ и државните телевизии НДР и ВДР, кои први јавија дека Шиндлер ќе биде сменет, тврдат дека на негово место ќе дојде Бруно Кал, функционер во германското Министерство за финансии, за кој се наведува дека е близок сојузник на министерот за финансии Волфганг Шојбле.

Шиндлер се најде пред притисок пред една година кога се појавија информации дека БНД работела против интересите на Германија и ги шпионирала европските партнери по барање на американската Агенција за национална безбедност. Потоа тој вети дека ќе ја централизира контролата над канцелариите на БНД на терен, за кои призна дека „воделе сопствен живот“.

Ниту германската Влада, ниту БНД се уште не ја коментираа информацијата за смена на Шиндлер, но шефот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, Петер Алтмајер, свика брифинг за денеска.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија