Неколкумина православни свештеници денеска служеа литургија по повод Велигден во празната црква Светиот гроб Христово Ерусалим поради ограничувањата заради спречување на ширење на новиот коронавирус.
Црквата инаку е полна со верници и туристи за Велигден, но поради рестрикциите за патувања, воведени од Израел, верниците беа се спречени да дојдат во Ерусалим за пролетниот празник и ограниченото црковно собирање.
Литургијата беше отслужена во црквата на Светиот гроб, подигната на местото каде, според христијанската традиција, Исус беше распнат, погребан и воскреснат. Плоштадот пред црквата беше празен, а големата дрвена црковна порта затворена, но неколку верници сепак дојдоа да се молат пред неа.