Словенија донесе закон за деполитизација на јавната телевизија

Од:

Словенците вчера на референдум усвоија закон со цел да се спречат политичките назначувања во јавната телевизија, откако медиумската клима во земјата се влоши за време на претходниот премиер Јанез Јанша.

Изборната комисија ги објави резултатите, според кои повеќе од 62 отсто од гласачите дале согласност законот да стапи во сила, веројатно на почетокот на 2023 година.

Неколку здруженија за одбрана на медиумите, како што е Медиумската организација на Југоисточна Европа (СЕЕМО), го поздравија амандманот, кој има за цел да ја „заштити уредувачката независност“ на каналот РТВ Словенија од „политичко и сигурно уништување“.

Конзервативниот лидер Јанез Јанша, кој беше на власт од 2020 до 2022 година, ги засили нападите врз медиумите, обвинувајќи ги за пристрасност и ги смени повеќето функционери на РТВ и назначи роднини, пренесе Бета.

Телевизијата оттогаш беше потресена од неколку протести против преориентација на програмата и притисок врз новинарите, додека Словенија падна од 54-то на 36-то место на најновото рангирање на невладината организација Репортери без граници (РСФ).

Според текстот, владата и парламентот повеќе нема да имаат право да назначуваат функционери, а телевизијата ќе биде ставена под надзор на граѓански групи – вработени, заштитници на права, Академијата на науките итн.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски

Словенија ја призна Палестина

Катерина Ѓуровски

Словенија го одлага признавањето на Палестина