Патниците во авионот, кој од римскиот аеродром Фиумичино требал вчера навечер да полета за Виена се евакуирани, откако еден патник од Словенија изјави дека во леталото внесол бомба.
Сите осумдесетина патници од авионот се евакуирани, со цел полицијата да ја побара бомбата и да ја неутрализира, откако патникот од Словенија изјавил дека успеал да влезе во леталото на авиокомпанијата „Ники“ со бомба во багажот, пишува „Јутарњи лист“.
Италијанските медиуми наведуваат дека словенечкиот државјанин наводно се заканил дека експлозивот ќе ги активира далечински.
Еден патник го забалежал човекот, кој седел до него во авионот со некаква направа во раката, а кога го прашал што е тоа, му одговорил: „Тоа е далечински управувач за детонирање бомба“.
Во тој момент во авионот, кој требал да тргне од аеродромот настанала паника. Патниците го предупредиле капетанот за наводниот бомбаш, кој според некои тврдења во рацете имал текстови напишани на арапски јазик.
Капетанот веднаш ја предупредил контролната кула и го однел авионот на изолирано место, а во согласност со антитерористичката процедура на авионскиот сообраќај е блокиран.
Во еден момент од местото, на кое се наоѓал авионот почнал да се крева густ чад, но неговиот извор не бил јасен. Полицијата го уапсила Словенецот и го одвела на сослушување.