Словачката пратеничка Силвија Петрухова минатиот викенд стапила во брак со бегалец кој живее во прифатилиште за бегалци во Берлин и бара азил од германските власти, јавуваат локалните медиуми.
Петрухова, која во март оваа година беше избрана за член на словачкиот Парламент од партијата Обични луѓе и некои независни кандидати поради мускулна дистрофија се движи во инвалидска количка.
Својот брачен другар Јасир Шахзад го запознала преку Интернет пред повеќе од една година.
Шахзад бил од Пакистан и во Европа пристигнал пред осум години, каде неколку години студирал во Шведска.
Според нејзините зборови, како што јави дописникот на МИА, таа е загрижена дека нејзиниот сопруг нема да добие азил поради заострените услови на германските власти. Како барател на азил тој не може да ја напушти Германија, но таа често патувала таму.