Словачка планира за девет дена да го тестира цело население за коронавирус

Од:

Словачка почна ново масовно тестирање за коронавирус, со намера да се укинат некои ограничувања на луѓето кои имаат негативен тест на Ковид-19.

Тестирањето, исто така, ќе послужи како основа за нови локални ограничувања во земјата со 73 окрузи.

Сите Словаци ќе добијат антиген тест помеѓу понеделник и 26 јануари, по што ќе се бара негативен тест за антиген или PCR за да одат на работа или на патувања во природата, согласно компромисно решение меѓу премиерот Игор Матови; – кој продолжува да инсистира на масовно тестирање za Kovid-19 – и неговите коалициски партнери.

– Одлучивме да комбинираме блокада со масовно тестирање, рече премиерот Игор Матович на прес-конференција.

– Потоа ќе интервенираме во областите каде што треба да се стави под контрола ситуацијата, нагласи тој.

Последните тестови ќе завршат на 26 јануари. Од 27 јануари, Словаците на возраст од 15 до 65 години ќе можат слободно да се движат доколку имаат негативен тест за антиген или ПЦР.

Министерот за здравство Марек Крајчи рече дека по тестот, Словачка ќе биде поделена на 37 лоши и 36 добри окрузи.

– Во лоши области, скринингот ќе се повтори. Од 3 февруари, ќе треба да се докаже со негативен тест кога ќе влезете на работното место, рече тој.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент