Словачка планира да ја тужи ЕУ

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо им наложи на министрите за надворешни работи, економија и правда да анализираат опции за поднесување тужба против Европската Унија во врска со плановите на заедницата за суспендирање на испораките на руски гас почнувајќи од 2028 година, објави Ројтерс.

„Владата ќе го разгледа документот следната недела, а ние ќе ја разгледаме и можноста за поднесување тужба“, рече Фицо, цитиран од агенцијата.

Тој додаде дека правната постапка ќе зависи од одлуката на Европската комисија и гаранциите за Словачка.

Сепак, според „Ројтерс“, премиерот не го прецизираше износот на планираната тужба ниту правната основа врз која ќе биде поднесена.

Во октомври, Советот на ЕУ одобри фазна забрана за сите купувања на руски гас почнувајќи од 1 јануари 2028 година. Забраната се однесува и на гас што се испорачува преку цевководи и на течен природен гас.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Фицо: Политиките кон Украина ја разнишуваат довербата во ЕУ

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Муцунски: Да ја засилиме економската соработка со Словачка