Словачка ќе ја екстрадира манекенката Кукучова осомничена за убиство во Шпанија

Од:

Словачката манекенка Марика Кукучова ќе биде екстрадирана од нејзината татковина во Шпанија, која распиша потерница по неа во врска со убиството на британскиот бизнисмен Ендрју Буш, јави дописникот на МИА од Прага.

Милионерот Буш, во април беше убиен во неговата вила во шпанскиот крајбрежен регион Коста дел Сол, а главен осомничен беше неговата поранешна девојка Кукучова. Британските медиуми повикувајќи се на очевидци објавија дека манекенката наводно чекала на Буш и неговата нова девојка во неговата вила и откако пукала во него набрзина заминала со еден од неговите луксузни автомобили.

Подоцна побегнала од Шпанија и се предала на словачката полиција. Според словачките медиуми, манекенката самата се согласила со екстрадицијата.

Во врска со вината на Кукучова во медиумите се појавија две нејзини наводни верзии. Според едната, таа тврди дека за смртта на Буш дознала од медиумите откако поради опасност по нејзиниот живот набрзина ја напуштила Шпанија, а според друга верзија, убиството го извршила во самоодбрана.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски