Словачка ќе испрати 25 полицајци, кои ќе и помагаат на Македонија да ја обезбедува границата во ситуацијата на засилен проток на мигранти кон Европската унија, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.
– Словачката Влада, која идната недела ќе го одобри испраќањето на полициски службеници во Македонија од февруари, веројатно ќе ја продолжи и мисијата од 20 лица во Словенија, истакна Фицо.
Словачка веќе испрати 50 полициски службеници во Унгарија.
– Ние сме подготвени да им помогнеме на други земји на билатерално ниво или како дел од меѓународната соработка, рече Фицо.