Слика на разголен член на Кнесетот стана хит во Израел

Од:

И додека се уште не се стивнати реакциите на секси фотогарфиите на израелските девојки на отслужување на воен рок, пратеник во Кнесет на Израел се потруди повторно да предизвика бура во јавноста објавувајќи снимка како разголен се подготвува за спиење во неговата канцеларија.


Вчера, нешто пред пет часот, само 45 минути по завршување на парламентраната седница младиот пратеник Боаз Топоровски на својот профил на една социјална мрежа објави контроверзна фотогрфија снимена во неговата канцеларија во Кнесетот.


На неа се гледа како Топоровски лежи на кауч во неговата канцеларија, покриен со кошула.


Под сликата тој напишал: „4:51 ќе спијам во мојата канцеларија во Кнесетот. Ова е прв пат да спијам во канцеларијата, но за среќа во неа има туш“.


За неколку часа фотографијата ги преплави социјалните мрежи и интернет порталите предизвикавјќи бурни реакции и осуди на Топоровски.


По ова денеска се огласи претседателката на Кнесетот, Јулија Еделштајн, која ги повика пратениците да го чуваат дигнитетот на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ