Акварел, за кој се верува дека го насликал Адолф Хитлер, вчера на аукција во Нирнберг беше продаден за 130.000 евра.
Акварелот бил насликан пред сто години и го прикажува старото градско собрание во Минхен, пренесуваат американските медиуми.
Аукциската куќа „Вајдер“ соопшти дека сликата ја купил клиент од Блискиот исток, но таа не наведе повеќе детали.
Сликата, како што се верува, настанала во 1914 година, додека Хитлер се борел да заработува за живот како уметник, речиси две децении пред да дојде на власт во Германија, наведуваат американските медиуми.