Слетаа двајцата претседатели, Трамп порача: Путин е паметно момче, а и јас сум

Од:

Портпаролката на Трамп им изјави на новинарите дека Трамп и Путин нема да разговараат насамо. И двајцата претседатели веќе слетаа во воената база каде ќе се водат разговорите.

„На претходно планираната средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин сега ќе учествуваат државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф“, објави портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит.

Претседателот на САД, Доналд Трамп кој слета на Алјаска, изјави дека би бил незадоволен ако рускиот лидер Владимир Путин не се согласи на прекин на огнот кратко по нивната средба.

„Сакам да видам прекин на огнот. Не знам дали ќе се случи денес, но нема да бидам среќен ако не се случи денес“, им рече тој на новинарите во авионот, објави CNN.

Тој додаде дека само сака убивањето да престане и рече дека не е претставник на Европејците, туку дека го зема предвид нивното мислење.

„Ова нема никаква врска со Европа. Европа не ми кажува што да правам, но тие ќе бидат вклучени во процесот, очигледно, заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски“, рече тој.

Тој, исто така, рече дека Владимир Путин е „паметен човек“, но дека и тој е.

Би можело да ве интересира

Русија: Маските паднаа, Европа конечно му го покажа на Трамп своето вистинско лице

Трамп: Со напаѓањето на Иран, спречивме нуклеарен конфликт и Трета светска војна

Трамп: Израел никогаш не би употребил нуклеарно оружје против Иран

Горан Наумовски

Трамп: Не ни е потребна помош од никого

(ВИДЕО) Револуционерната гарда му испрати порака на Трамп: Војната не се добива со твитови

Трамп: Верувам дека ќе имам чест да ја преземам Куба, можам да правам што сакам со неа