Следна жртва на џихадистите ќе биде човек кој им помагал на муслиманите?

Од:

По бруталното убиство на американскиот новинар, Стивен Сотлоф, џихадистите упатија порака до светот дека навистина треба да се стравува од нив.

На крајот од снимката на која се гледа егзекуцијата на Сотлоф, тие прикажаа уште еден затвореник, кого го очекува свирепа смрт.

Британски „Телеграф“ пишува дека станува збор за извесен Џон, кој бил познат како „лудиот Шкот“.

Имено негов поранешен колега изјавил дека се работи за човек кој со години им помагал на муслиманите во Хрватска, да го изградат она што е урнато за време на војната.

Неговите колеги велат дека не им е јасно зошто тој е следниот на листата на исламистите, токму поради причината што низа години им помагал на муслиманите.

Инаку Американскиот Сојуз за национална безбедност по извршените анализи соопшти дека е утврдено дека снимката од убиството на американскито новинар Сотлоф е автентична.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Во Германија пет лица се обвинети за помагање на Исламската држава

Разбиена исламистичка група во Австрија

Ирак: Исламската држава планира да изврши „голем“ терористички напад во Велика Британија