Слаб раст на економијата на Бразил

Од:

Економијата на Бразил, поради ослабнувањето на домашната валута, се намали за повеќе од 2.000 милијарди долари, колку што и се зголеми економијата на Велика Британија.

Минатата година Бразил забележа најмал економски раст во последните три години. Бруто домашниот производ (БДП), кој претставува вредност на сите произведени добра и услуги, минатата година се зголеми за 0,9 отсто, што е значително помалку од владините предвидувања од почетокот на 2012 година, кога прогнозираа раст од 4,5 отсто.

Во 2011 година Бразил забележа раст на БДП од 2,7 отсто и така ја потисна Велика Британија на шесто место на најголемите економии во светот. Но поради лошите резултати од минатата година, Бразил се врати на седмото место.

Освен ослабнувањето на домашната валута, уште една отежителна околност за Бразил е сушата, најлоша кога и да е забележана. Најлоша е ситуацијата во северно-источниот дел на државата. Бразилската Влчада досега инвестираше милијарди долари во градежен проект за пренасочување на одделни реки за да се обезбеди вода за милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата