Франсоа Оланд откако го допре дното на непопуларноста, во последните испитувања на јавното мислење забележа историски скок од 21 поени, уживајќи позитивно мислење кај 40 отсто од испитаните Французи.
Последен пат кога францускиот претседател уживаше толкава поддршка беше во февруари 2013 година.
Според испитувањата, 60 насто од испитаниците сметаат дека шефот на француската држава, чие раководење со кризата предизвикана од терористичките напади и нејзиното следење, ги брани добро интересите на Франција во странство, односно 13 поени повеќе во споредба со декемвриското испитување.
Французите ја одобруваат и неговата економска политика во поголем број, но сепак економската политика ја одобруваат 24% од французите, додека 23% од испитаните посакуваат денес Франсоа Оланд да биде повторно избран за претседател, наместо 14% еден месец порано.
Популарноста му порасте и на премиерот Мануел Валс.