А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Скандал во Британија: Тони Блер обвинет за заштита на војници осомничени за воени злосторства во Ирак

by А1он02/01/2026 - 19:46102
Share0

Скандал во Велика Британија: Блер обвинет за заштита на војници осомничени за злосторства во Ирак

Добивај вести на вибер

Поранешниот британски премиер Тони Блер изврши притисок врз службените лица да се осигурат дека британските војници обвинети за претепување на Ирачанец Баха Муса до смрт додека бил во притвор нема да бидат гонети во британските судови или во Меѓународниот кривичен суд (МКС), објави денес Би-Би-Си, повикувајќи се на новообјавени документи од Националниот архив.

Министерот за надворешни работи на Блер, Ентони Филипсон, му пишал на Блер во 2005 година за да го информира дека државниот обвинител се сретнал со воените обвинители за да разговараат за случајот против војниците за кои се тврди дека го претепале Муса до смрт, на што Блер одговорил дека тоа не смее да се дозволи.

„Не смее да се дозволи!“, напишал Блер.

Филисон му препорачал на Блер Министерството за одбрана и државниот обвинител да достават белешки за предложените измени во законот што ги донесувале во тоа време и проценка за тоа како тие ќе бидат презентирани, за да може владата да избегне обвинувања дека ги спречува војниците да дејствуваат во воена зона.

Блер одговорил дека Министерството „за жал претерувало“.

„Всушност, мора да бидеме во позиција каде што МКС не е вклучен, ниту пак се вклучени цивилните судови. Тоа е од витално значење“, напиша Блер.

Две години подоцна, капларот Доналд Пејн, кој го злоупотребуваше Муса и други цивили во притворниот центар во Басра во септември 2003 година, беше осуден од воен суд и стана првиот британски војник осуден за воено злосторство.

Тој беше осуден на една година затвор и отпуштен од војската откако призна нехуман третман на ирачки цивили, воено злосторство според Законот за МКС од 2001 година.

Според обвинението, Пејн удирал и клоцал цивили додека тие имале вреќи преку главите и биле врзани со лисици.

Се вели дека Пејн „диригирал хор“ од тепања врз затворениците, а нивните вресоци служеле како „музика“.

Во 2020 година, МКС формално ја прекина својата долготрајна истрага за наводите дека британските трупи извршиле воени злосторства во Ирак помеѓу 2003 и 2008 година.

britanijairaktoni bler

Би можело да ве интересира

Стармер свикува итен состанок, војната со Иран ја „тресе“ британската економија

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26

ВИДЕО: Напад со дронови на американска база во Ирак, силите на НАТО се повлекуваат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 11:29

Дрон ја погоди американската амбасада во Багдад

Горан Наумовски18/03/2026 - 14:06

ВИДЕО: Ирачките милитанти поддржани од Иран објавија снимка од нападот врз американската база во Багдад

Катерина Ѓуровски15/03/2026 - 13:10

САД ги објави имињата на шесте војници кои загинаа во авионска несреќа во Ирак

Катерина Ѓуровски15/03/2026 - 08:14

ВИДЕО: Погодена италијанска база во Ирак

Катерина Ѓуровски12/03/2026 - 08:2912/03/2026 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен