Сите расположливи полициски сили се мобилизирани во потрагата по терористите во Франција

Од:

Франциските сили на редот му влегле во траг на автомобилот рено клио со сива боја, со париски регистарски таблички, со кој побегнаа тројцата терористи по крвавиот напад во редакцијата на неделникот „Шарли ебдо“, јави дописникот на МИА од Париз.

Во седиштето на париската криминална полиција, 36 кеј де Орфевр е актвирана кризна единица, а отворена е и специјална телефонска линија на која се повикани да се јават сите сведоци.

По ургентиот состанок во Елисејската палата со надлежните министри околу претседателот Франсоа Оланд, министерот за внатрешни работи Бернар Казенев изјави: „Се ќе биде направено за да се неутрализираат колку што е можно побрзо тројцата криминалци кои го извршија овој вараврски акт.“

Тој притоа не даде повеќе детали за истрагата, но потврди дека антитеростичкиот план е подигнат на највисокото ниво и дека се во тек акции за пронаѓање на извршителите на терористичкиот напад.

Сите служби на полицијата и жандармеријата се вклучени во потерата, која не се памети во Франција за да ги фати членовите на терористичката група која го изврши нападот, кој е најкрвав во последниве четириесет години.

„Се работи за вистинска трка со времето, бидејќи се наоѓаме наспроти убијци, кои немаат што да загубат и можат да извршат друга акција за да умрат како маченици, вели еден член на истражната екипа за париски „Фигаро“.

Полицијата според информациите е на трагата на рено клио со сива боја, која ја изгубила на улицата Мо во 19-от арондисман. Сите патроли во униформа, поддржани од антикриминалната полиција се во состојба на зголемена готовност. Специјалните сили за интевенција (РАИД) се распоредени во парискиот регион, вое предградијата, каде се смета дека терористите можат да најдат засолниште.

Потерата против терористите ја преводи јавното антитерористичко обвинителство на Париз и антикриминалната бригада на Париз, поддржана од антитерористичката под-дирекција и Дирекцијата за внатрешна бебзедност (тајната контраразузнувачка служба), односно околу стотина лица од кремот на француската полиција кои ќе бидат мобилизриани 24 часа.

Како и во сите ургентни ситуации, сите други расположливи полициски бригади на судската полиција, како и територијални припадници на силите за безбедност се вклучени во потерата, односно околу 2200 полицајци. Покрај редовните полициски сили, нив на засилување им се испратени уште околу 500 специјалци на полицијата и ескадроните на мобилната жандармерија.

Синдикатите на полицијата побараа да бидат примени од претседателот Франсоа Оланд од кого ќе побараат „силите на редот да бидат опремени со соодветни средства за да можат да ја гарантираат нивната мисија, наспроти овие варварски акти.“

Шест часа по нападот, во кои загинаа 12 лица, напаѓачите не се фатени.

Би можело да ве интересира

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен