Сите раси на питоми крави потекнуваат од стадо од 80 грла

Од:

Сите раси на питоми крави потекнуваат од едно стадо, кое немало повеќе од 80 грла, тврдат германските научници од Универзитетот во Мајнц, кои анализираа примерок на ДНК земен од коските, пронајдени на еден локалитет на Блискиот Исток, кои се смета дека датираат од пред 10.500 години.

Расата рогат добиток, кој денеска се одгледува во Европа, Северна и Јужна Америка, во северна и источна Азија, директно потекнува од припитомените предци на едно мошне мало подрачје во Иран, каде се најдени коски на 15 примероци, од кои најстарите се од осмиот милениум пред нашата ера, а најмладите од пред 1.900 години.

Научниците заклучиле дека во неолитот одгледувањето на рогат добиток не било толку распространето, туку било сведено на ограничено подрачје и постепено се ширело во сите правци, но расплодните грла доаѓале од едно стадо.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот