Сите пациенти на интензивна нега се мртви поради израелската блокада

Од:

Сите пациенти во одделението за интензивна нега на болницата Ал Шифа во Газа починаа како резултат на блокадата што ја наметнаа израелските сили, изјави директорот на болницата.

„Починаа сите пациенти кои беа на одделот за интензивна нега. Сите до еден. Тоа се случи поради израелската блокада, која трае веќе седум дена. Од воведувањето на блокадата во болницата, повеќе од педесет и четири пациенти умреа. Се плашам за оние кои моментално се во критична состојба“, рече Силмија.

Тој нагласи дека и раселените лица се во очајна хуманитарна ситуација.

„Болницата се претвори во гробишта, затвор и израелска касарна во исто време. Израелската армија пука во се што се движи на имотот на болницата“, додаде Силмија.

Телевизијата Ал Хадат претходно објави дека израелската армија не дозволува никој да го напушти болничкиот комплекс, иако тврди дека внатре нема милитанти.

Во извештајот се вели дека Израелците го апсат секој што ќе се обиде да ја напушти болницата, а на Црвениот крст и на другите меѓународни организации не им е дозволен влез во здравствената установа.

Би можело да ве интересира

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

Нетанјаху: Израел ќе се одмазди за нападот на Хутите

Се огласија сирените за воздушен напад во Израел

Горан Наумовски

Гутереш го критикуваше Израел дека го „саботира“ решението за две држави со Палестина

Израелската армија уби Американка – Бајден вели: Израел мора да спречи такви инциденти

Над 40 загинати и голем број повредени во новиот израелски напад во Газа