Сите меѓународни возови од Чешка, Словачка и Полска не можат да патуваат за Будимпешта

Од:

Сите меѓународни возови од Чешка, Словачка и Полска веќе не можат да патуваат до Будимпешта поради големиот број мигранти на главната железничка станица во унгарскиот главен град.

Возовите наместо тоа го завршуваат патувањето на унгарскиот граничен град Соб, се наведува во соопштенијата на чешките и полските железнички компании.

– Патниците, кои не се задоволни од ваквата одлука, можат да ги вратат билетите и да ги добијат парите назад, појаснува полската компанија.

Околу три илјади мигранти се наоѓаат пред железничката станица Келети во Будимпешта со денови. Условите таму се влошуваат и покрај напорите на доброволците да делат храна, лекови и други неоходните средства за мигрантите.

Претходно унгарското Министерство за развој ја одобри денеска одлуката на унгарски железници да ги суспендираат сите меѓународни линии кон Западна Европа.

Претседателката на унгарски железници Илона Давид на прес-конференција изјави дека таа одлука ќе важи на неодредено време и е донесена поради големиот број луѓе во возовите, со цел да се обезбеди безбедност на патниците.

Во меѓувреме шефот на унгарската полиција Карол Пап им наложи на новинарите да ја напуштат железничката станица во унгарскиот град Бичке, каде претходно имаше судир меѓу мигрантите и полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година