Сите аеродроми во Москва се затворени

Од:

Руската Агенција за цивилно воздухопловство денеска соопшти дека привремено се затворени сите четири аеродроми во Москва и аеродромот во Калуга, 160 километри југозападно од Москва, но не ја прецизираше причината.

Екипажот на авионите, контролорите на летот и аеродромските служби ги преземаат неопходните мерки за да ја гарантираат безбедноста на летовите, се вели во соопштението на Росавијација.

Московските аеродроми последен пат беа затворени кон средината на минатиот месец, откако Украина лансираше најмалку 25 дронови насочени кон Москва во раните утрински часови.

Росавијација тогаш објави на Телеграм дека „се воведени привремени ограничувања за работата на аеродромите Домодедово и Жуковски за безбедност на летовите на цивилните авиони“.

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски