Сирски: Ситуацијата на фронтот е тешка во многу правци

Од:

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски денеска изјави дека ситуацијата е тешка во многу правци на фронтот со руските сили и дека бара постојан мониторинг.

„Непријателот врши редовни напади врз позициите на нашите војници“, напиша Сирски на својот канал Телеграм откако заедно со министерот за одбрана Рустем Умеров ги обиколија напред командните пунктови во борбената зона.

Сирски и Умеров ги слушале извештаите на командантите за состојбата на фронтот, ја анализирале ситуацијата и разговарале за следните чекори, пренесува Униан.

Би можело да ве интересира

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Трамп: Зеленски ќе има големи проблеми ако се повлече од договорот за ретки минерали

Горан Наумовски

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Терехов: Харков е нападнат од руски беспилотни летала

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина