Сириските екстремисти киднапираа 300 Курди во сириската провинција Идлиб

Од:

Борци на сириската исламистичка група Џебхат ан Нусра (Фронт на победата), која е тесно поврзана со Ал Каеда, киднапираа 300 Курди во североисточниот дел на северозападната провинција Идлиб, пренесе ТАСС, повикувајќи се на локалните медиуми.

Заложниците со пет автобуси патувале од курдскиот регион Африк, западно од градот Алепо за Дамаск. Во реонот на селото Дана борци на Џебхат ан Нусра ги запреле автобусите, ги задржале само мажите, а жените и децата ги пуштиле.

Истовремено, друга сириска исламистичка група, Џаиш ал  Муџахидин, и една провладина милиција чие име не се соопштува, размениле 25 жени и деца за еден командант, пренесоа британските медиуми.

Десетте жени и петнаесетте деца биле грабнати пред 1,5 година од шиитските градови во северната провинција Алепо. Тие биле префрлени од една бунтовничка група на друга. На крајот се нашле во рацете на Џаиш ал Муџахидин, која  одлучила да ги искористи како паричка за поткусурување. Таа побарала од провладината милиција да го ослободи нејзиниот командант, кој бил заробен во август, во замена за слободата на жените и децата.

Ваквата постапка е ретка појава во Сирија, забележуваат британските медиуми.

Посредник во размената биле курдски борци од групата „Ѕвона за народот“.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Oџалан: Отворен сум за преговори со владата

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години