Сириски тенкови влегоа на Голанската висорамнина

Од:

Три сириски тенка денеска влегоа во демилитаризираната зона Голонска висорманина, соопшти Војската на Израел.

Претставници на Војската рекоа дека е вложена жалба до мировните сили на Обединетите Нации во таа област.

Релативно мирната реакција на Израел, укажува дека упадот на тенковите не се смета за непосредна закана.

Израелските медиуми јавија дека три тенка и две оклопни возила се доближиле на неколку километри од позициите на Војската на Израел.

Израел ја окупираше Голанската Висорамнина во текот на шестдневната војна во 1967. година.

 

Би можело да ве интересира

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски