Припадници на арапско-курдската бунтовничка коалиција, кои во борбата против групата Исламска држава (ИД) во Сирија се поддржани од САД, денеска презедоа контрола врз дел од патот меѓу Рака и Деир ал Зур, кој џихадистите го користитат за снабдување, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
– Коалицијата Сириски демократски сили утрово дејствуваше со воздушна поддршка од меѓународната коалиција, потврди директорот на невладинита организација со седиште во Лондон, Рами Абдел Рахман.
Блокираниот автопат е „последниот пат за повлекување“ од Рака со кој располагаше ИД.
Сириските демократски сили, поддржани од коалицијата, го стеснуваат обрачот околу Рака, која е фактичка престолнина на „Исламкиот Калифат“, што го прогласија џихадистите.