Сириската опозиција е подготвена за борба со САД против исламистите на ИД

Од:

Сириската опозициска Национална коалиција, која е поддржана од Западот, денеска изрази подготвеност да се бори заедно со САД против екстремистите на Исламската држава (ИД), откако американскиот претседател Барак Обама првпат одобри американски воздушни напади во Сирија.

Нагласувајќи дека „одамна повикува на ваква акција“ и дека многупати предупредувала на групата ИД, Националната коалиција повторно го повика своето воено крило, Слободната сириска армија, да ја прифати поддршката и да формира „доверливи и добро опремени сили“.

– Бараме од американскиот Конгрес што побрзо да ја одобри политиката на претседателот Обама и да овозможи обука и опремување на Слободната сириска армија, се наведува во соопштението на лидерот на Националната коалиција, Хади ал-Бахра.

Сириската опозициска коалиција, чие седиште се наоѓа во Турција, ја поддржуваат и признаваат западните држави и земјите од Персискиот Залив, кои се меѓу најгласните противници на сирискиот претседател Башар ал Асад, но таа нема доволна поддршка на теренот.

Националната коалиција укажува, исто така, дека е „еднакво важно“ да се сфати дека Владата на Асад „е клучна причина за насилството и бруталноста во Сирија“, повикувајќи на акција и против неа, бидејќи не е доволна само борба против ИД за регионот да се исчисти од екстремистите.

Обама вчера им се обрати на Американците, најавувајќи дека првпат одобрил американски воздушни напади во Сирија, но и дополнителни напади во Ирак со цел конечно да се уништи ИД, која заземала големи делови од од овие две земји.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија