Сириската ќелија на Ал Каеда убила жена обвинета за прељуба

Од:

Сириската ќелија на Ал Каеда „Џебхат ал Нусра“ застрела жена, која била обвинета за прељуба, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, цитиран од британските медиуми.

Директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман, изјави дека добил видео, на кое се гледа како на жената и е пукано во глава на локација во близина на градот Идлиб. Пред да биде убиена, таа замолила да си види децата, но убиецот ја одбил молбата.

На снимка, објавена на Твитер, жената, облечена во црна облека, со шал на главата и црвено палто, се гледа како коленичи на земја пред група мажи, веројатно од „Ал Нусра“, од кои единиот има чорапа на главата и автомат во рака.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Ал Каеда има нов шеф

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Убиен лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири

Катерина Ѓуровски

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри, ги обвини САД за војната во Украина

Ана Ололовска

Десет членови на Ал Каеда избегаа од затвор во Јемен

А1он

Висок лидер во Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија

Катерина Ѓуровски